Многу малку луѓе се доволно среќни за да ја видат поларната светлина. Но уште помалку може да ја видат поларната светлина од вселената.
Томас Пескет е астронаут кој во моментов се наоѓа во Меѓународната вселенска станица. Тој неодамна направи фотографии и видеа од поларната светлина аурора аустралис од станицата.
Аурора аустралис не е толку позната како северната поларна светлина аурора бореалис, но и таа приредува прекрасни шоуа на небото кога се појавува на јужниот дел од планетата.
Пескет објави видео од феноменот на „Твитер“.
Извор:
Insider
Фото: Twitter/Printscreen