Подолго време истражувачите знаат дека исходите од заболувањата на црниот дроб поврзани со алкохол не се еднакви меѓу сите раси и етнички групи во САД, но разликите меѓу овие групи се помалку јасни.
За да истражат, научниците од САД, Шпанија и Чиле, вклучително и м-р Томас Котер, асистент професор по интерна медицина во Одделот за дигестивни заболувања и заболувања на црниот дроб во „УТ Југозападен медицински центар“, пребарале три национални репрезентативни бази на податоци кои покриваат период од 2011 до 2018 година, за расни и етнички разлики во природната историја на споменатиот тип на заболувања.
Нивните наоди покажале дека Хиспанците и Азијците имале повисока стапка на заболувања на црниот дроб поврзани со употребата на алкохол на помлада возраст во споредба со белците, и покрај пониската вкупна потрошувачка на алкохол.
фотоизвор: UT Southwestern Medical Centre
Луѓето од црната раса имале релативно пониски стапки на такви заболувања и намален ризик од смрт при хоспитализација. Припадничките на хиспанската заедница и Азијките имале најмала веројатност за трансплантација на црн дроб доколку се ставеле на листа на чекање.
Идните истражувања треба да се фокусираат на утврдување на причините за овие разлики, објавиле д-р Котер и неговите колеги.
Извор: medicalxpress.com
Фото: Freepik