Болката во телото ни кажува дека треба да бидеме внимателни – но постојат луѓе кои го минуваат цел живот без да почувствуваат ништо.
Фото: Pixabay
Штефан Бец е студент кој има 21 година и страда од ретко нарушување кое го имаат само неколку стотици луѓе во светот. Тој има вродена нечувствителност за болка. Тоа значи дека може да ја држи раката во врела вода и да не почувствува ништо, или да биде опериран без анестезија. Инаку на студ и жештина реагира нормално како и другите.
Но, за него неговата состојба е повеќе проклетство отколку благослов. Тој вели дека би сакал да знае како изгледа болката. Во детството неговите родители мислеле дека е ментално ретардиран затоа што никој во семејството ја нема дијагнозата.
Без тој механизам за предупредување многумина со ова нарушување се изложуваат на себе-уништувачко однесување како деца или млади. Многу млади се самоубиле поради тоа што правеле луди нешта или се довеле до состојба на инвалидност на некои делови од телото.
За болеста прв пат се знае од 1932 година од лекар од Њујорк кој ја опишал состојбата на 54-годишен продавач на билети. Во следните 70 години малку се знаело за болеста веројатно поради малиот број на случаи.
Научниците пак сметале дека ако ја изучуваат болеста ќе дојдат до откритија за тоа како да се исклучи, што би влијаело на фармацевстската индустрија која заработува многу токму од лекови против болка.
Во 2000тите една мала канадска биотехничка компанија дознала за семејство со случај на болен од ова нарушување и почнала да истражува на ова поле. Бил пронајде мутиран ген наречен SCNP9A кој регулира патека во телото што се вика Nav1.7 натриум канал. Мутацијата го блокира каналот, а со тоа и способноста да се почувствува болка. Тоа е откритието кое фармацевските индустрии го очекуваат затоа што лековите кои го инхибираат тој канал ќе бидат нов начин на лекување на хроничните болки.
Меѓу фармацевстските индустрии се случува трка за кој ќе произведе подобар лек, а во меѓувреме продолжуваат нови истражувања.
Бец вели дека и понатаму ќе му помага на светот да разбира за
болката и дека можеби еден ден и светот ќе му помогне нему.