X
 11.10.2022 Живот

Брутални животни вистини: Поради овие грешки, животот ќе помине покрај вас

Можеби ќе ве изненади колку често правиме грешки што нѐ спречуваат да го добиеме она што го сакаме во животот.

Животот е сложен, а човек не се раѓа учен. Секако, тоа не значи дека не треба да работиме на себе и да стекнуваме знаења кои ќе ни го направат животот полесен, поубав, посреќен и позначаен.

Денес можеме да наидеме на многу совети како да го подобриме квалитетот на животот, но психолозите сè почесто почнаа да укажуваат на грешките што ги правиме, најчесто несвесно, и поради кои ни недостига токму она кон што се стремиме во животот.

Во продолжение ви нудиме листа со „грешки“ што ги правиме:

Неочекувани вистини што треба да ги знаете:

1. Колку повеќе се обидувате да ги импресионирате другите, толку е помала веројатноста дека ќе ги импресионирате.

2. Колку повеќе се плашите од неуспех, толку е помала веројатноста да успеете.

3. Колку повеќе се плашите од смртта, толку помалку ќе уживате во животот.

4. Колку повеќе копнеете по партнер, толку помалку привлекувате потенцијални партнери.

5. Колку сте поотворени за вашите маани, толку посовршени ќе изгледате пред другите.

6. Колку повеќе притискате некого, толку е поголема веројатноста да си замине.

7. Колку повеќе сте убедени дека знаете сè, толку е помала веројатноста да знаете.

8. Колку повеќе се фалите, толку сте понесигурни.

9. Колку повеќе ја туркате болката, толку повеќе се засилува.

10. Колку повеќе ги избегнувате ситуациите од кои се плашите, толку посилен станува вашиот страв.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот