Веќе некое време, графенот се смета за чудо од материјал кој научниците едвај чекаат да го искористат: како што се развива, ветува трансформација во се` - од наочари за ноќно гледање па до складирање на енергија. Но, сега истражувачите од целиот свет мислат дека создадоа материјал кој претставува негов вистински ривал: нанонишки од дијамант.
Доказите се во името. овој потенцијално револуционерен материјал е делумно направен од дијаманти и неверојатно тенок и истовремено неверојатно силен. Технички гледано, станува збор за вид на јаглерод во форма на едно-димензионален дијамантен кристал со водород. За да се создаде материјалот поврзани се бензен молекули и ставени под притисок.
Рано е да се каже како би можеле да се користат нанонишките - сега научниците се`уште се во фаза на истражување и симулација - но една од добрите карактеристики на материјалот е неговата разновидност. Тим на научници од Квинсленд универзитетот за технологија во Австралија ги истражуваат својствата на овој материјал и мислат дека можеби е поразновиден отколку што првично се верувало.
Всушност, истражување од Институтот за технологија во Масачусетс вели дека материјалот може да се развие да биде цврст во некои места и флексибилен во други. Благодарение на симулации со молекуларна динамика, австралиските истражувачи успеале да создадат форма на
дијамантски нанонишки кои можат да се виткаат. Со други зборови, овој нов супер материјал може да се направи кршлив како неварени шпагети или флексибилен како варени шпагети.
Следниот чекор е да се тестираат дијамантските нанонишки во реалниот свет.
„Материјалот е еластичен заедно со неговата густина, со што е идеален за креирање на исклучително силни тродимензионални нано-архитектури“, вели тимот.
„Тоа е слично како златар да ги нанижил заедно најмалите дијаманти во светот во долг минијатурен ѓердан. Поради тоа што ова нишка е срцето на дијамантот, очекуваме дека ќе се покаже исклучително тврд, извонредно силен и корисен“, велат истражувачите.
Материјалот еден ден може да се искористи во создавање на вселенски лифтови. Се`уште не се знае многу за масовното производство, и ќе се тестира во различни услови, но истражувањето вели дека материјалот доста ветува.