X
 23.09.2022 Живот

Вистинска атракција: Аргентинците имаат посебен ден за фрлање канцелариски материјал низ прозорец

Доколку се најдете на улиците на Буенос Аирес на новогодишната ноќ, подгответе се за оваа глетка: улици преполни со истуткана и исечена хартија која Аргентинците ја фрлаат низ прозорците.

Не станува збор за вандализам, загадување на животната средина, небрежност, ниту пак за конфети. Штом ќе ја дознаете причината, веројатно ќе сакате да им се придружите или да го воведете овој обичај во вашата земја.

Имено, работниците кои во пресрет на Нова година работат во разни компании, старите работи и лошата енергија ги исфрлаат низ прозорец, па со нив и канцеларискиот материјал и документите - сето она што повеќе не е потребно и зафаќа простор.

Ова ја симболизира желбата да се влезе во новата година со чист ум и подготвени за нови предизвици.

Како и обично, реакциите се поделени. Дел од Аргентинците уживаат во оваа традиција и учествуваат во неа, но има и такви за кои оваа традиција е одбивна и сметаат дека со неа се прави неред низ градот.



Извор: b92.net
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот