Гласините за автомобил на технолошкиот гигант, кој наводно се развива под името „ајКар“ кружат со години, а од „Епл“ досега ниту ги потврдија ниту ги негираа.
Проектот кој би требало да резултира со целосно автономен автомобил, во последно време малку падна во заборав, но тоа не значи дека „Епл“ не го развива.
Најновата информација, која ја пренесува угледниот аналитичар Минг-Чи Куо од компанијаата „Ти-Еф Интернешенел Секјуритис“, е дека автомобилот ќе биде еден од трите клучни производи за иднината кои на производителот би му донел уште еден билион.
Се очекува возилото да биде лансирано меѓу 2023 и 2025 година, а ќе го одликуваат моќен електричен погон, напреден систем за автономно возење и интеграција со iOS.
Од „Епл“ ниту сега не сакаат да ги коментираат
информациите, па можеме само да се потпреме на угледот на аналитичарот.