X
 30.11.2015 Живот

Измама "пар екселанс"... Внимавајте каде аплицирате за работа!

На денешницава, нема ништо необично во наоѓањето работа на интернет. Само „гуглате“, барате и аплицирате, а сè останато ќе биде решено врз основа на вашите квалификации, не?


Се чини дека треба да се внимава повеќе кога станува збор за барањето работа на интернет, посебно кога од вас се бараат пари. Милка Радовиќ од Србија го споделила своето лошо искуство со аплицирањето за вработување во Абу Даби на својот блог.

Имено, таа ја оставила својата биографија на повеќе интернет-страници за вработување и еден ден добила и-мејл од училиште во Абу Даби. На Милка ѝ бил испратен формулар за пополнување и од неа била побарана биографија со претходно работно искуство.

Наскоро добила нов и-мејл во кој била известена дека нејзините квалификации одговарале на барањата на училиштето и дека е примена. Таа се обратила до официјални лица од училиштето за да биде сигурна дека не се работи за измама и добила потврда дека се работи за вработување.

Но, дури потоа од неа било побарано да уплати 1.500 долари за покривање на трошоците за нејзино доаѓање во Абу Даби, кои потоа би ѝ биле вратени. Но, тоа сепак било голема измама со која компанијата мамела странски државјани за финансиска добивка.











Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот