Многу луѓе сурфаат на интернет користејќи го прелистувачот „Google chrome“.
Нов извештај покажа дека овој прелистувач е избор на речиси 42% - повеќе од „Internet explorer“ и „Edge“ заедно. Меѓутоа, нови тестови спроведени од „Microsoft“ може да го променат ова.
Како што известува „The Verge“, прелистувачот „Google chrome“ ја троши батеријата на компјутерот побргу отколку повеќе други прелистувачи. „Microsoft“ спроведе експеримент во кој ја набљудува работата на повеќе прелистувачи, во кој „Edge“ имал најдобри резултати.
Освен тоа, компанијата собрала и податоци од милиони уреди на „Windows 10“ со што се покажува дека „Edge“ троши помалку енергија од „Chrome“ или „Firefox“.