X
 02.12.2015 Култура

Како Ајнштајн влијаел на создавањето на Јода?

Најпрепознатливата карактеристика на Јода од „Star wars“ е неговата мудрост. Соодветно, му доликува да биде споредуван со научникот Алберт Ајнштајн. Но, има и друга причина поради која двајцата се споредувани.


Имено, уметникот за специјални ефекти Стјуарт Фриборн работел на „Star wars“. Додека барал инспирација за изгледот на Јода, тој погледнал фотографија од Ајнштајн која висела на неговиот ѕид и решил да го нацрта ликот врз основа на ликот на Ајнштајн.

На почетокот, ликот изгледал поинаку - бил слаб и висок. Но, по ајнштајновата фотографија, ликот се трансформирал во стариот гном кој го знаеме денес.

Доколку баравте уште една причина за да го сакате Ајнштајн, можеби оваа е таа.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура