Алберт Ајнштајн во чија теориска работа се поставени темелите на создавање на атомската бомба, бил многу загрижен за злоупотребата на таа теорија и тоа до последици кои би биле катастрофални за човештвото.
„Верувам дека влошувањето на етичките стандарди произлегуваат, пред сѐ, од механизацијата и деперсонализацијата на нашите животи, катастрофални последици на науката и технологијата,“ напишал тој на својот пријател психијатар Ото Џулиусбургер.
Ајнштајн особено бил загрижен за разорната моќ на нуклеарното оружје, кое американскиот претседател Френклин Рузвелт имал намера да го развие пред нацистистите. Во писмото кое во 1955 година го напишал заеднос о филозофот Бертранд Расел, ги повикал светските лидери да заборават на војна и меѓународните недоразбирања да ги решаваат по мирен пат.
Неговото претчуство за научен напредок лишен од човечки вредности, дале кредибилитет на едно „пророштво“ кое стои во една реченица за која се претпоставува дека е на научникот: „Се плашам дека на денот кога технологијата ќе ги надмине меѓучовечките односи, светот ќе добие генерации на идиоти.“
Овој цитат стана многу популарен на интернет на фотографии на кои се прикажани млади кои гледаат во екраните од паметните уреди. Но, цитатот е измислен. Нема докази дека цитатот е кажан или напишан од Ајнштајн, а не го пронаоѓа ни Гугл пред 2012 година. Сепак постои цитат кој звучи поавтентично, а кој се припишува на научникот: „Стана ужасно јасно дека нашата технологија ја надминува хуманоста.“
Овој цитат потекнува од американскиот филм “Powder” од 1995 година.