Не мора да знаете квантна физика или напредна математика за да ја решите познатата загатка за куќата што ја задавал Алберт Ајнштајн. Потребно е само логички да размислувате. Загатката оди вака:
Има 5 куќи наредени една до друга на една улица. Секоја куќа има различна боја, а секој сопственик на куќа има различна националност, пие различен пијалак, пуши различен бренд цигари и има различен домашен миленик. Кој сопственик има риба врз основа на следните индиции?
Англичанецот живее во куќа со црвени ѕидови.
Швеѓанецот чува кучиња како миленици.
Данецот пие чај.
Куќата со зелени ѕидови е лево од куќата со бели ѕидови.
Сопственикот на куќата со зелени ѕидови пие кафе.
Личноста што пуши „пал мал“ одгледува птици.
Сопственикот на куќата со жолти ѕидови пуши „данхил“.
Човекот што живее во куќата во средина пие млеко.
Норвежанецот живее во првата куќа.
Човекот што пуши „бленд“ има сосед што чува мачки.
Сопственикот што пуши „блумастер“ пие пиво.
Човекот што чува коњи живее веднаш до човекот што пуши „данхил“.
Германецот пуши „принц“.
Норвежанецот живее до куќата со сини ѕидови.
Човекот што пуши „бленд“ има сосед кој пие вода.
Се претпоставува дека само околу 2% од населението може да ја решат оваа загатка, за која се зборува дека Ајнштајн им ја давал на своите студенти. Решението е во видеото во продолжение.
Автор: Мишел Дебчак
Извор:
mentalfloss.com
Фото: Pixabay