X
 04.12.2015 Живот

Интересни прашања кои можете да ги поставите на првиот состанок

Прашања кои би можеле да го „скршат мразот“ за време на првиот состанок.

 

прашања

 

1. Кој те инспирира? Која личност е твојот идол?


2. Која беше последната книга што ја имаш прочитано без да прескокнуваш страни?

3. Како ја доби најчудната лузна од твоето тело?

4. Ако би можел да се замениш со некоја личност на еден ден, која би била и зошто?

5. Дали веруваш во духови?

6. Нуркање со ајкули, банџи скок или летање со падобран?

7. Од што би ти било потешко да се откажеш: кафе или алкохол?

8. Како го запозна твојот најдобар пријател?

9. Што отсекогаш си сакал да пробаш но ти било страв?

10. На што си најмногу горд?

11. Ако одиш на кино сам/а, кој би бил совршен филм да го гледаш сам/а?

12. Кој е твојата омилена статија на Википедиа?

13. Кој е твојот омилен физички атрибут кај тебе?

14. Кој е твојот омилен одмор на којшто си бил/а?

15. Кое е твоето омилено место за викенд кога немаш планови и обврски?

16. Која е една од најчудните работи кои си ги правел/а како дете?

17. Џин, водка или текила?

18. Што те мотивира да го направиш она што го правиш?

19. Според тебе, кој е најдобриот Дизни долгометражен цртан од Златната доба на Дизни?

20. Кој вид на телефон беше твојот прв мобилен телефон?

21. Што најмногу ти се допаѓа во врска со местото кадешто порасна? Што најмалку ти се допаѓа?

22. Кон која насока сакаш животот да ти течи?

23. Кој е твојот најбизарен талент?

24. Дали постои документарец или книга која го промениле начинот на кој размислуваш за нешто?

25. Кои се трите албуми кои навистина те формирале како личност?

26. Кој беше твојот идол додека растеше - некој што сметаш дека ти бил ментор?

27. Која е твојата омилена клише фраза со која му се додворуваш некому? Дали некогаш сте ја искористиле?

28. Кој лик од телевизија или тв шоу или пакк книга, се поистоветуваш?

29. Дали би сакал/а уште еден пијалок?

30. Која е твојата омилена телевизиска програма?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот