X
 15.11.2024 Живот

Еден од најбогатите луѓе во светот на кандидатите за работа им го поставува истото прашање: Како би одговориле вие?

Лери Елисон, коосновач на софтверската компанија „Оракл корпорејшн“, им го поставува истото прашање на сите кандидати за работа.

Имено, него го интересира одговорот на едноставно прашање: „Дали си најпаметната личност што ја познаваш?“

Доколку кандидатот одговори со да, ќе ја добие работата. Ако кандидатот одговори со не, ќе му биде поставено друго прашање: „Кој е паметен?“ Кога кандидатот ќе го наведе лицето за кое мисли дека е најпаметно, компанијата прави напори за да го контактира тоа лице.

Според Индексот на милијардери според „Блумберг“, Елисон е петтата најбогата личност во светот. Неговото нето-богатство се проценува на 182 милијарди долари.

Корпорацијата „Оракл“ е основана во 1977 година од Лари Елисон, Боб Минер и Ед Оутс под името „Софтвер дивелопмент лабораторис“.

Во 1979 година го менува името во „Релешнл софтвер“, а во 1983 година во „Оракл системс корпорејшн“.

Извор: Klix.ba
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот