Рускиот претседател Владимир Путин завчера ја одржа годишната конференција на која во живо одговараше на прашања поставени од новинарите и јавноста. Му биле поставени повеќе од 2,8 милиона прашања.
Иако одговорил на голем број прашања, сепак, некои од нив биле прилично непријатни и контроверзни, па одлучил да ги игнорира.
Фото: Sputnik
Ова се дел од тие прашања:
- Живеете добро. Кога ќе живееме ние?
- Зошто бананите тука се двапати поскапи од јаболката? Што сме ние, банана република?
- Кога нашите олигарси ќе купат наши фудбалски клубови?
- Дали олигархијата е вечна?
- Зошто демонстрациите на 5 мај, во поддршка на Навални, беа потиснати?
- Зошто не постои вистинска опозиција во земјава?
- Дали е нормално да се продава алкохол во музеите?
- Зошто има пари за тенкови, бомби, авиони и автоматско оружје во оваа земја, а нема
пари за луѓето?