X
 22.01.2016 Култура

Прашања кои ќе ја зголемат вашата емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција е обележана со способноста на личноста да ги препознае и разбере емоциите (неговите или на друга личност) и да ја искористи оваа информација за да се движи низ процесот на донесување на одлуки. Вклучува покажување на екстремно комплексни квалитети како што се емпатија и сочувство.

Се разбира, овие квалитети ни помагаат да бидеме подобри луѓе. Но, исто така тие помагаат во одвикнување од вашите најлоши комуникациски навики, такашто другите ќе ја добијат вашата порака на најдобар можен начин.

На пример, посакувате да не сте го рекле нешто што неодамна сте го кажале? Луѓето со години се борат со навиката јазикот да им е побрз од мозокот.

Затоа, постојат три прашања кои би ве спречиле да кажете нешто за кое подоцна ќе зажалите. Потребно е да се запрашате себеси три прашања пред да кажете нешто.

Дали има потреба нештото да се каже?
Дали треба нештото да го кажам јас?
Дали треба нештото да го кажам јас сега?


Со ова би се намалиле сите оние антагонистички коментари од социјалните медиуми. Или, можете да одите еден чекор понатаму и да си замислите како овие прашања би функционирале во пракса.

Ајде да речеме дека сте менаџер, и дека работите многу напорно за да ги подобрите односите со одредени поединци од вашиот тим. Еден ден, гледате како некој ваш колега одлично си ја завршува работата, па ја користите можноста да го пофалите. Одлична работа! Но, наеднаш се сеќавате дека токму тој колега пред неколку недели уништи проект, па си мислите дека треба да го потсетите како го уништи проектот.

Но, потребно е да запрете и да се запрашате:

Дали ова треба да биде кажано?
Дали треба да биде кажано од мене?
Дали треба да биде кажано од мене сега?

Конструктивната критика најдобро е да се даде веднаш после грешката, па затоа вие сте го пропуштиле моментот. Ако сега му дадете негативна повратна информација тогаш целосно ќе се уништи добрата волја и вашата пофалба.

Кога ќе се запрашате себеси овие три прашања, веројатно ќе заклучите:

Критиката која сакав да ја споделам претходно не е воопшто важна. Моето мислење целосно се менува.

Можеби би било подобро доколку зборувам со нивниот тимски лидер. Можеби она што го видов пред неколку недели не беше целосната приказна.

Дефинитивно треба да разговарам со колегата за проблемот што го видов, но сега не е вистинскиот момент за тоа.

Ова е само едно сценарио, меѓутоа со соодветна пракса овие три прашања ќе ви помогнат во разни ситуации. Замислете ако секој застануваше и си ги поставуваше овие прашања. Би имало помалку/пократки меилови, пократки состаноци, помалку поплаки од вработените и несоодветни забелешки од другите, па дури и неколку зачувани романтични врски. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура