X
 24.02.2024 Живот

Само за храбрите - лет над алпските ливади со челичен орел

Швајцарија се издвојува од остатокот на Европа по своите фасцинантни пејзажи, мирно опкружување и космополитски градови.

Покрај тоа, земјата е дом на некои од најневеројатните пејзажи во Европа благодарение на величествените Алпи. Дури и ако не скијате или не планирате да планинарите, доволно е да ги погледнете.

За разлика од многу други земји, Швајцарците навистина ја ценат и ја штитат својата земја, па напорно работат да ја зачуваат, но и да понудат интересни активности.

Лет со орел во излетничкото место Гринделвалд-Фрст

Една таква активност е на 1.050 метри надморска височина во живописното швајцарско село Гринделвалд. Овој планински бисер има што да им понуди на сите љубители на зимските активности, како и на љубителите на адреналин. Имено, овде можете да уживате во снежна идила на 214 километри скијачки патеки и 300 километри летни пешачки патеки.

Покрај тоа, планинското излетничко место е во близина, каде што можете да имате навистина посебно искуство - лет со орел над алпските долини. Имено, една од најпопуларните атракции во ова одморалиште е адреналинскиот лет „Фрст глајдер“. Станува збор за структура која наликува на орел, со четири места резервирани за патници. Врзани со сигурносни појаси, можете да уживате во летот и во погледот од птичја перспектива на планинскиот пејзаж, со брзина до 83 километри на час.

„Фрст глајдер“


Овој челичен орел минува патека од 800 метри со брзина до 83 км/ч. Како изгледа летот во „канџите на предатор“ – погледнете во видеото. Сепак, постојат некои предуслови за да можете да ја доживеете оваа авантура: минимална висина 130 сантиметри, телесна тежина: максимум 125 килограми.

„Фрст флигер“


Ако повеќе сакате да летате самостојно, одлучете се за „Фрст Ффигер“ – структура која изгледа како летечко седиште. Постојат четири посебни зиплајни за четири храбри летачи, кои не смеат да тежат помалку од 35 или повеќе од 125 килограми. 

Летајте како птица и уживајте во глетката, бидејќи на некои места ќе лебдите на околу 50 метри над алпските ливади.

Извор: Journal.hr

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот