X
 08.12.2015 Технологија

Грам од овој материјал чини 130 милиони евра

Доколку сакате да го најдете најскапиот материјал во светот, треба да се упатите кон Оксфордскиот универзитет.


Лабораторија во универзитетот го произведува најскапиот материјал на планетата, а неговата цена изнесува над 130 милиони евра по грам.

„Designer Carbon Materials“ ги произведува кафезите кои го сочинуваат атомот на јаглеродот во кои се наоѓаат атоми од азот. Ова е материјал кој се користи за мали и преносливи атомски часовници - најпрецизните мерачи на време во светот. ГПС-системот за навигација во автомобилот може да направат грешка за само еден милиметар со овие часовници.

„Замислете минијатурен атомски часовник кој може да го носите во својот телефон. Тоа е револуција за мобилните телефони“, изјави Кириакос Порфитакис, научник и експерт за наноматеријали, кој работи на материјалот од 2001 година.

Материјалот го сочинува кафез од 60 атоми на јаглерод, во кој се наоѓа атом на азот. Неодамна се случила и првата продажба на тој материјал.

Атомските часовници моментално се со големина на една соба, а со помош на оваа технологија, тие би можеле да бидат сместени на само еден мал чип.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија