X
 31.01.2016 Живот

Кое е најскапото кафе на светот?

Според истражување од 2013 година, над 83% од Американците пијат кафе наутро, а просечниот жител пие повеќе кафиња дневно. И покрај тоа што кафето е популарно секаде, веројатно најскапото кафе во светот не може да се најде во ваша близина.


Копи Лувак е индонезискиот изговор на таканареченото кафе „цивет“, пијалок кој се прави од овошје меѓу зрната кафе кое се јаде, а потоа исфрла од азиски циветски цицач. Буквално, кафето се прави од изметот на животното.

Азискиот циветски цицач е мало животно со долга опашка кое се качува на дрвја и се наоѓа во јужна и југоисточна Азија. Тие јадат овошје и семки, а едно од омилените овошја им е тоа што се наоѓа меѓу зрната кафе. Овие животни поминуваат и денови барајќи ја оваа храна.





Кога ја наоѓаат, тие ги јадат заедно со семките од кафе, кои не може да ги преработат, па кога прават измет, семките се речиси целосни. Тогаш, изметот се собира и семките се одвојуваат, мијат и сушат. Така се создава најскапото кафе на светот!

Ова кафе чини приближно 1.500 долари за еден килограм.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот