Пред 50 години мисијата „Аполо“ ги помести границите на човечкото истражување за светот околу себе. Човечка нога првпат стапа на друго небесно тело.
Оние што во 1969 година го следеле целото случување, го опишуваат како нешто посебно. Но, што со оние родени подоцна или што немаа можност во живо да го следат спуштањето на Месечината?
Група дизајнери и филмски експерти создадоа веб-страница која им овозможува на посетителите следење на „Аполо 11“ во реално време. Сето ова е направено за да ви овозможи доживување како навистина да сте во 1969 година. Од одбројувањето на минутите и секундите до спуштањето преку оригиналните снимки од контролните соби и оние што ги направиле самите астронаути.
Посетителите на веб-страницата можат да изберат и да го видат кој било момент во мисијата, но и во „живо“ да се вклучат во моментот на спуштање и да ги слушнат легендарните зборови на Нил Армстронг.
На
веб-страницата се наоѓаат повеќе од 11.000 часа дигитализирани и реставрирани снимки од контролните соби, а некои од нив сега првпат може да се слушнат. Исто така, посетителите можат да видат повеќе од 2.000 фотографии, да ги слушнат коментарите за самата мисија и да видат како изгледал ТВ-преносот.
Фото: Apollo in real time