На 11 јуни, италијанскиот астронаут Саманта Кристофорети ќе ја напушти Интернационалната вселенска станица и ќе се врати на Земјата.
Пред да се врати на Земјата, таа ќе постави рекорд за женските астронаути - таа е една од женските астронаути која останала најдолго за време на една експедиција. Кристофорети ќе постави рекорд и за Европската вселенска агенција, со најдолгиот единствен лет од маж или жена.
За време на нејзините експедиции 42/43, Кристофорети ќе има поминато 199 дена, 16 часа и 42 минути во вселената.
Претходниот рекорд направен од жена со најдолг вселенски лет беше поставен во 2007 година од Сунита Вилијамс, која во вселената помина 195 дена, 17 часа и 17 минути.
Сепак, најдолгиот рекорд ќе биде тешко да се руши. Беше поставен од 1995 година од космонаутот Валери Полијаков кој остана 437 дена, 17 часа и 58 минути во вселената.
Рекордот на Кристофорети беше на некој начин случаен, со оглед на тоа што нејзиното патување беше одложено до крајот на април.