Неодамна, НАСА ја објави на интернет својата архива од ретки фотографии од сите мисии „Аполо“. Режисерот Крис Купланд ја искористил оваа архива и ги одбрал најдобрите фотографии за да направи видео посветено на сите овие мисии.
Купланд на својот канал на „Вимео“ објаснил како користел „Фотошоп“ за да ги уреди фотографиите. Со помош на специјални ефекти, со фотографиите се добива чувство на акција и транзиција.
Режисерот се надева дека овој проект ќе ги инспирира и поттикне луѓето да научат повеќе за вселенските истражувања.