X
 19.10.2024 Живот

НАСА нуди три милиони долари за оној што ќе успее да реши еден проблем

НАСА започна нов натпревар со вкупен награден фонд од 3 милиони долари во потрага по иновативни идеи за решавање на стар проблем: управувањето со отпадот за време на истражувањето на Месечината и Марс.

Овој предизвик доаѓа како што луѓето повторно се подготвуваат за подолг престој на Месечината и на Марс, каде управувањето со отпадот ќе стане клучен аспект на одржливите мисии.

Од „Аполо“ мисиите, на површината на Месечината останале роботски ровери и научна опрема. Меѓу другото, има и 96 вреќи со човечки измет. За време на мисиите, астронаутите користеле контејнери со урина, а кесите со измет ги оставиле на Месечината за да ја намалат тежината при враќањето на Земјата. На првата фотографија што Нил Армстронг ја направил на Месечината, дури се наоѓала една од тие кеси.

И додека роботските мисии не генерираат многу отпад надвор од нивните сопствени компоненти, луѓето произведуваат значителни количини отпад, не само во форма на биолошки отпад како урина и измет, туку и непотребни научни инструменти, храна, пакување и облека.

Бидејќи НАСА планира да го продолжи престојот на Месечината, акумулацијата на таквите остатоци може да стане голем проблем. Токму поради оваа причина, агенцијата го лансираше предизвикот „Лунарисајкл“ надевајќи се дека ќе најде технологии кои можат да го рециклираат отпадот и да го претворат во корисни производи.

- Одржливите операции се од суштинско значење за НАСА да продолжи со истражување и откривање, без разлика дали на Земјата или пошироко - изјави Ејми Камински, извршен директор на програмата за наградни предизвици на НАСА.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот