X
 15.03.2016 Наука

Потрага по вонземјани: Европа и Русија испратија сонди на Марс

Од космодромот „Бајконур“ во Казахстан во понеделникот била лансирана ракета која на Марс носи сонди чија цел е потрагата по вонземски живот.


Сондите биле испратени од страна на Европската вселенска агенција и Русија. Со оглед на тоа дека пред ракетата е далечен пат, резултатите од потрагата може да се очекуваат најрано за неколку месеци. Мисијата „Егџо Марс“ е заеднички проект на Европската вселенска агенција и рускиот Роскосмос.

Имено, првите информации за двете сонди ќе започнат да пристигнуваат на Земјата дури за околу седум месеци.



Една сонда по пристигнувањето ќе започне да орбитира анализирајќи ја атмосферата во потрага по траги од некогашен живот, додека втората сонда ќе долета на површината, кадешто ќе врши анализи. Оваа, втората, сонда ќе има краток живот век бидејќи нејзините батерии ќе се потрошат до 2018 година.

До тогаш, на Марс ќе биде испратена нова ракета која ќе носи ровер за продолжување на истражувањето на површината.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука