Тоа што не сте на училиште не значи дека сте научиле сè. Сè уште има важни вештини кои треба да ги научите, а 20-те се совршените години за тоа. „Business insider“ наведува некои животни вештини кои секој 20-годишник треба да ги усоврши.
Како да бидетe искрени
Кога доцните или знаете дека сте згрешиле нешто, најдобро е да се извините и да бидете искрени. Не ги откривајте деталите за да не го ризикувате интегритетот.
Како да примите критика
Никој не сака да греши, но секогаш е полесно да се осуди личноста која критикува отколку да се прифати критиката и да се работи на случајот.
Како да побарате нешто што сакате
Доколку не соберете храброст за барање зголемување, унапредување или подобри услови, немате големи шанси да ги добиете.
Како да ги одржите ветувањата
Без разлика на ситуацијата, секогаш треба да го одржувате зборот. Прекршувањето на ветувањата прави луѓето да ја изгубат вербата во вас.
Како да комуницирате ефективно
Без разлика на областа во која работите, секогаш може да го подобрите начинот на кој зборувате и пишувате. Размислете за начините на кои може да се предизвикате самите за подобро да комуницирате.
Како да го контролирате бесот
Бесот и фрустрацијата може да бидат насочени во позитивна насока наместо во негативна. Истурањето на сета нервоза врз останатите може да има само лош резултат.
Како да се соочите со неуспехот
Многу луѓе во своите 20-ти години пробуваат нови искуства, работни места и пробеми. Некои од овие искуства се успешни, но некои не се. Треба да научите да ги препознаете неуспесите и да продолжите со животот.
Како да ја прифатите можноста за промена
Речиси е невозможно да се испланира иднината. Очекувајте да бидете изненадени во текот на животот.