Децата кои се физички казнувани од страна на родителите се посклони на проблеми со менталното здравје и асоцијално однесување во возрасните години, покажува ново истражување.
Когнитивните тешкотии и зголемената агресија, како и други несакани последици се забележани во анализа на резултати од повеќе истражувања во последните 50 години. Оваа анализа била објавена во „Journal of family psychology“, а била направена од страна на истражувачи од Универзитетот во Тексас и Универзитетот во Мичиген.
Истражувачите
откриле 13 негативни исходи кои се поврзуваат со физичкото казнување, како удирање на детето по задникот или екстремитетите. Меѓу нив се агресивноста, асоцијалното однесување, менталните проблеми, негативен однос кон родителите, пониски когнитивни способности и послаба самодоверба подоцна во животот.
- Повременото удирање на детето е многу распространет облик на казнување, но веќе некое време го опкружува дебата за неговата ефикасност. Мета анализите претставени во овој труд покажуваат дека нема доказ дека таквиот вид казнување се поврзува со подобрување на однесувањето на детето. Напротив, го поврзува со зголемен ризик од 13 негативни развојни исходи - стои во трудот.
Истражување спроведено од УНИЦЕФ покажува дека 80% од децата во светот доживеале некаков облик удирање како дисциплинска метода.