X
 12.12.2015 Живот

Божиќен предизвик од Британската разузнавачка служба

Доколку некогаш сте сонувале да бидете во кожата на Џејмс Бонд, ова е вашата можност. Британската разузнавачка служба ќе ви го овозможи тоа. Традиционалните божиќни честитки не се веќе во тренд. Време е за честитање преку криптографски пораки.


Директорот Роберт Хениган испрати официјална божиќна честитка на секого кој сака да го вежба мозокот. Се работи за предизвик. Секој кој ќе ја реши загатката ќе добие повеќе последователни предизвици кои сериозно ќе ја тестираат способноста за аналитичко размислување.

По завршувањето на сите предизвици, играчот го доставува конечниот одговор на електронска адреса која се открива на крајот на тестот. Службата потоа ќе одбере еден победник од сите играчи, кој ќе добие специјална награда.

Како да започнете со предизвикот?

Во првата загатка има квадрати кои се црни или бели. Секој ред или колона е означен со бројки. Бројките ја покажуваат должината на сите последователни црни квадрати и се покажани во редот во кој се појавуваат во линијата. На пример, „2 1 6“ означува групи од две, еден и шест црни квадрати, а секој од нив има најмалку еден бел квадрат кој ги раздвојува. Среќно!


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот