X
 13.12.2015 Живот

Искуствата на македонските студенти во САД

„Патувањето ве остава без зборови, а потоа ве прави раскажувач“. Некои луѓе патуваат за да откријат новости, а други за да се откријат себеси. Во секој случај, патувањето е нешто од што никој не може да се насити, а што побргу почнете, тоа подобро. Студентските денови се идеални за патување. Сè што е потребно е вашата желба, а другото е лесно.


Програмите за работа и патување во САД се присутни во земјава веќе години, а правот околу нив не се спушта, напротив - уште се крева. Студентите ги сакаат овие програми и ги практикуваат, а по враќањето дома, нивните имресии се позитивни.

„Оваа година аплицирав преку Коузон за Work & Travel програмата во лето 2015. Живеев во Montauk, New York. Како место за живеење Montauk е најубавото место според мене. Јас таму уживав и го користев секој слободен момент на километарските плажи со бел песок. Montauk се наоѓа на само неколку часови од New York, каде што шетав откако завршив со работа.“ - Фатон Калиси, студент од Скопје.


„Моето искуство беше незаборавно и им го препрачувам на сите кои размислуваат дали да аплицираат. Јас работев како busser и сум задоволна од оваа позиција. Иако на почетокот имав проблеми со сместувањето, Cape Cod е локација каде што лесно може да се најде сместување и се снајдов брзо. Кога завршив со работата шетав во Бостон, Чикаго, Њу Јорк, Лос Анџелес. Овој дел од програмата ми се допадна највеќе, бидејќи секој може да си испланира што сака да посети и да патува самостојно.“ - Тијана, студент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и интериер.

Друг задоволен студент е и Ѓорѓи, кој бил сместен во Лонг Ајленд, Њујорк. „Ова е мало место создадено за скапи одмори кадешто ВИП-лицата доаѓаат и уживаат во летото. Ова лето имав можност да уживам и работам онаму кадешто одмараат славните“, вели тој.

Мартин Стевановски летово поминал прекрасни моменти во Охајо благодарение на „Коузон“.

„После неколку недели менаџерот ме повика во канцеларија и ми понуди зголемување на работните саати и на позицијата бидејќи беше задоволен од мојот ангажман целокупно. Во круг од 8 апликанти бев избран токму јас и ова слика е сликана во првите денови од моето работење. Премногу сум задоволен и многу им благодарам на пријателите и Коузон кои ме подржуваа и ми даваа волја за да напредува во текот на моето лето во Америка!“


Бесир Фазли како дел од студентската програма за патување и работа на „Коузон“ запознал „многу нови пријатели и во моето слободно време успеав да прошетам на прекрасни дестинации. Во куќата каде што живеев секоја недела организиравме журки кои беа незаборавни! Од работниот ангажман сум многу задоволен! Коузон ми овозможи да работам во два прекрасни ресторани Sawa и Avenue Le Club. На средината на летото ме унапредија во Towelboy и немав потреба од втора работа бидејќи заработував доволно и со една позиција. Тогаш имав повеќе време да излегувам и да ја истражувам Америка.“

Како до вакво незаборавно лето?

Аплицирањето е бесплатно, а најдобро е тоа да го направите во некоја од канцелариите на агенцијата за да се информирате подобро. Она што треба да го знаете е следново :

- Со самото аплицирање се пополнува апликација за W&T USA

- Изјава за прифаќање на условите на програмата ( која содржи точни лични податоци, кои подоцна ќе се користат во документите за поднесување на барање за DS-2019 и виза.

Дополнителни документи кои се приложуваат кон апликацијата и изјавата се:

- Потврда за редовен студент на македонски и англиски јазик (превод кај овластен судски преведувач)

- CV на англиски јазик Коузон формат – со наведено предходно работно искуство

- 2 фотокопии од предната страна на пасошот

- 1 фотокопија од предната страна на индексот

- 1 фотокопија од претходни американски визи * ако предходно сте аплицирале и добиле виза

- 2 фотографии пасошки формат

- Уплатница на прва рата од програмата

При аплицирање кандидатот наведува:

-  Датуми на одење и враќање во/од Америка ( можни месеци за заминување се мај, јуни и првата половина од месец Јули )

- Локација ( град, регион, држава во САД, во која сака да работи и престојува во Америка – по личен избор или препорака на вработените во Коузон

- Вид на работна понуда за која се одлучува опција 1 или 2

- Друштво ( групно вработување на неколку студенти заедно ) – на апликацијата се наведува лицето/та со кои студентот планира да оди, нивниот однос (брат/сестра, братучеди, пријател, партнер). Лицето наведено на апликација на друго лице, потребно е и во својата апликација да го наведе лицето со кого планира да оди за Америка, во спротивно нема да се земе во предвид барањето.

- Должината на претстој во Америка – 3 или 4 месеци

- Начин на комуникација со учесникот – јасно напишани контакт телефонот (мобилен и фиксен), адреса на живеење, е-маил адреса и Skype контакт, со цел да се развие полесна комуникација со учесникот.

Аплицирајте веднаш тука.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот