Сите луѓе различно си го исполнуваат времето додека патуваат со авион. Вообичаено, тие кои немаат сопатник или соговорник, се одлучуваат да спијат.
Но, одморот во авион знае да биде многу непријатен, поаѓајќи од неудобните и тесни седишта, а да не зборуваме, пак, за проблематичните патници-соседи.
За да не изгубите два дена во опоравување од непријатниот лет, земете ги предвид следниве совети за
„летачка“ дремка.
1. Избегнувајте алкохол
Некои истражувања покажаа дека кај здравите луѓе, акутно високите дози алкохол го нарушуваат спиењето. Алкохолот им смета на обрасците на спиењето на тој начин што ја загрозува способноста на телото да се врати во хомеостаза и нормалните оперативни функции. Квалитетот на сонот под дејство на алкохол е многу низок.
2. Не конзумирајте кофеин
Кафето ве држи будни и ви помага да останете концентрирани – сè што не ѝ во прилог на вашата желба за дремнување. Безбедна доза за здрави возрасни луѓе е 300 до 400 милиграми дневно, што е еквивалентно на два енергетски шотови, едно варено кафе и два и по енергетски пијалоци.
3. Напијте се чај од билки
Сè додека се без кофеин, билните чаеви ви помагаат да се опуштите и ве успиваат. Зелениот чај, на пример, содржи теанин – аминокиселина што го поттикнува спиењето. Повеќето луѓе преферираат валеријана или чај од камилица. Валеријаната е заедничка компонента во производите што се пласираат како благи седативи и помагатели против несоницата.
4. Подигнете ги нозете
Користете ја торбата како потпирач за нозете. Повисоките луѓе нека пробаат да седат врз перниче. Ако не ви е проблем, склопчете се во седиштето, како што седите дома. Собујте ги чевлите за дополнителна удобност, но внимавајте да не биде непријатно за патниците-соседи.
5. Поткаснете нешто што ќе ве успие
Не јадете премногу. Полниот стомак знае да биде непријатен и да ве спречи да мигнете. Земете мал оброк што би се состоел од природни состојки кои ќе ви донесат сон. Тука спаѓаат: банани, цреши, јогурт, ореви, мед и хумус.
6. Не ги избирајте предните седишта
Истражување од EasyJet покажува дека најбарани седишта се тие во предниот дел од авионот. Генерално, луѓето секогаш ќе ги бираат предните места, бидејќи на тој начин мислат дека побрзо ќе излезат од авионот. Но, доколку сакате да одморите и да поспиете, избегнувајте ги метежните предни делови.
7. Носете удобна облека
Кога патувате, облекувајте се покомотно и во пошироки алишта (мека маичка и особено удобен веш). На тој начин ќе си помогнете циркулацијата на крвта да ви биде проодна, што е од особена важност за да се чувствувате пријатно кога подолго време сте во седечка положба.