X
 14.09.2018 Живот

Метеоролозите објавија импресивна симулација од последиците на ударот од ураганот „Флоренс“

Ураганот „Флоренс“ се движи кон источниот брег на САД со брзина од 9 километри на час и со намалена јачина, предизвикувајќи обилни дождови, силни ветрови и поплави во сојузните држави Северна и Јужна Каролина, пред очекуваната средба со копното денес напладне.

Водечките американски телевизиски програми будно го следат доаѓањето на ураганот, а покрај многубројните апели на властите, многу жители на подрачјата што ќе ги погоди ураганот одбиле да бидат евакуирани.

Метеоролозите од „Ведр чанел“ направија импресивна симулација од ударот на ураганот. На видеото можете да го видите и јавувањето на еден од репортерите од подрачјата каде што пристигнува „Флоренс“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот