X
 11.06.2023 Живот

Дубаи наскоро ќе го има најголемиот аеродром во светот

Се гради новиот најголем аеродром во светот. Веројатно погодувате каде ќе се наоѓа - во Дубаи. Овој град веќе го има највисокиот облакодер и многу други револуционерни градби, а наскоро ќе го има и најголемиот аеродром.

Аеродромот „Ал Мактум“ треба да биде завршен до 2050 година, а ќе има капацитет да опслужи 255 милиони патници годишно. Аеродромот ќе се простира на површина од 14.000 хектари.

Проектот вреден 33 милијарди долари започнал пред 13 години, а неговата првична намена била да служи како аеродром за карго-услуги. Пред 10 години аеродромот почнал да се користи и за патнички услуги, а планот е да се прошири за до 2050 година да биде најголем во светот.

Моментално аеродромот се простира на површина од 2.900 хектари. Во 2022 година аеродромот примил 66,1 милиони патници.

До 2030 година треба да биде завршена првата фаза од проширувањето, кога аеродромот ќе добие логистички центар, луксузен терен за голф, галерија, комерцијален дел и дел за сместување и хотели.


Извор: Luxury launches
Насловна фотографија: Al Maktoum International Airport
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот