X
 14.12.2015 Технологија

Илон Маск отвора непрофитна организација за вештачка интелигенција

Силициумската долина се наоѓа среде војна во поглед на вештачката интелигенција. Гиганти како „Facebook“ и „Google“ се обидуваат да се надминат меѓусебно со развивање системи кои вклучуваат автоматско и машинско учење.


Нова организација наречена „Open AI“, зад која стои Илон Маск и неколку други инженери, има цел да поттикне користење на вештачката интелигенција за позитивно влијание на човештвото, а во меѓувреме нема да се грижи за профитот.

Маск, извршен директор на „SpaceX“ и „Tesla“, извести за новата непрофитна организација на „Twitter“.



Организацијата започнува со работа со фонд од 1 милијарда долари донирани од Сем Алтмен, Илон Маск, Рајд Хофман и Питер Тил. Организацијата е непрофитна за да се овозможи поголема флексибилност во работата и истражувачите подобро да се фокусираат на позитивното влијание на човештвото.

Сè на што ќе се работи во организацијата ќе биде објавено во јавноста и сите патенти ќе бидат достапни за користење од страна на секого.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија