Соѕвездието од сателити на Илон Маск, наречено „Старлинк“, би можело да нè чини повеќе од немање јасен поглед кон ѕвездите. Астрономите стравуваат дека мегасоѕвездието составено од мали сателити би можело да го отежни забележувањето на астероидите во близина на Земјата и можеби нема навреме да забележиме некој што е на пат да се судри со нашата планета.
По завршувањето на проектот „Спејс Екс“ планира да има илјадници сателити во орбитата на Земјата во рамките на планот за обезбедување пристап до интернет во целиот свет. Сепак, засега соѕвездието се состои од само 120 сателити. Но, дури и тој релативно мал број е
доволен за да им го попречи погледот на астрономите кон ноќното небо.
Иако повеќето астероиди не се опасни, дури и Маск во една пригода предвиди дека кога-тогаш Земјата ќе биде погодена од голема карпа.
Дури и релативно мала вселенска карпа може да предизвика огромна штета ако се судри со Земјата, а нивното забележување веќе е отежнато. Како што расте „Старлинк“, светлината од сателитите може дополнително да го отежни детектирањето на
астероидите.
Сега, кога изгледа дека е предоцна за да се запре „Спејс Екс“, на астрономите може и не им останува друг избор освен да развијат нови и потенцијално скапи методи за детекција. Тука може да се вклучат телескопи за детектирање астероиди базирани во вселената или други опции.