Што мислите за две футуристички транспортни технологии?
Илон Маск на својот твитер-профил ги објави плановите за комбинирање на ракетата „Фалкон“ со хајперлупот на „Боринг компани“.
Резултатот би бил транспортен систем што може да ве однесе практично каде било во светот во период од еден час. На почеток, овој транспортен систем би можел да смести околу 100 патници, а ќе може да патува околу десет пати дневно. Билетот од Њујорк до Шангај ќе чини околу 2.000 долари.
Повеќе детали за плановите на Маск ќе бидат откриени во текот на неговата презентација, кога ќе сподели повеќе детали за спојувањето на неговите две
компании.