X
 14.12.2015 Култура

"Шокантното" признание на Стенли Кјубрик е лажно

Теоретичарите на заговори тврдат дека слетувањето на месечината воопшто не се случило и дека сето тоа се случило благодарение на режисерот Стенли Кјубрик во некое холивудско студио.

 

измама


За оние кои веруваат во теории на заговор се појави уште еден „доказ“ кој вели дека ова воопшто не се случило.

Имено, неодамна на интернет излезе видео кое наводно прикажува интервју со Стенли Кјубрик во кое тој објаснува како се случила оваа измама.

На 10 декември 2015 година, веб страната YourNewsWire.com го објави ова видео во кое Кјубрик признава дека и` помогнал на НАСА да излажира слетување на месечината.

Видеото објаснува дека се појавува после 15 години после неговата смрт. Кинематограферот Т.Патрик Муреј во видеото го „интервјуира“ Кјубрик три дена пред неговата смрт во март 1999 година. Според видеото, Кјубрик бил принуден да потпише договор дека интервјуто ќе остане тајно 15 години.

Во видеото Кјубрик признава дека „извел голема измама врз американската јавност, за која ќе кажам нешто повеќе, а кое ја вклучуваат владата на Америка и НАСА; дека слетувањето на Месечината е лажирано, и дека јас бев личноста која го снимаше тоа“.

Она што е јасно е дека човекот на видеото воопшто не звучи ниту пак личи како Стенли Кјубрик со што станува збор за уште една интернет измама.

Покрај тоа, портпаролот на сопругата на Кјубрик изјави дека интервјуто е лага и дека Кјубрик никогаш не бил интервјуиран од Муреј. „Целата приказна е измислена и невистинита“. 

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура