Тешките услови на аеродромот ја зголемуваат мистиката во која е обвиткан Бутан. Ова кралство на Хималаите има околу 800 илјади луѓе.
Фигурина на Буда во пилотската кабина го набљудува пилотот додека тој прави драматично движење за да слета на тесната писта во Паро.
Десетици патници, вклучително и оние што се држеле за седиштата непосредно пред тоа, му даваат аплауз на екипажот. Типичен ден е на аеродромот Паро во Бутан, признат во светот како еден од технички најсложените за безбедно слетување на авиони. Маневрирањето на кратка писта помеѓу два планински врва на надморска височина од шест километри бара и техничко знаење и челични нерви.
Уникатните услови за слетување и полетување од Паро значат дека нема место за големи патнички авиони и џамбо-џетови. Но, за љубителите на авијацијата, тоа е само дел од привлечноста за посетата на „Земјата на молњите“.
- Паро е тешко, но не е опасно место. Тоа е предизвик за знаењето на пилотот. Да беше опасно, немаше да летам - уверува капетанот Чими Дорџи, кој 25 години работи за „Друк ер“.
Паро е аеродром од категорија Ц, што значи дека пилотите мора да поминат специјална обука. Мора да вежбаат рачно слетување и без радар. Според Дорџи, од клучно значење е пилотите да имаат добро познавање на пределот околу самиот аеродром. Ако згрешат, и за само неколку милиметри, би можеле да слетаат на нечиј покрив.
- Во Паро навистина треба да ги поседувате вештините и знаењето на локалното население. Ние го нарекуваме обука за компетентност во областа или обука за маршрута, која е задолжителна за слетување во Паро од која било локација - изјавил тој.
Бутан, кој се наоѓа меѓу Кина и Индија, географски е 97 отсто планински предел. Главниот град Тимпу е на 2.350 метри надморска височина, додека Паро е малку понизок, на околу 2.000 метри.
- На поголема височина воздухот е потенок, па авионот во суштина мора да лета побрзо. Вистинската брзина на авионот ќе остане иста, но брзината во однос на земјата е значително поголема - објаснил Дорџи.
Следната променлива што треба да се разгледа е времето.
Секој што лета за Паро - од Њу Делхи, Бангкок, Катманду или Ханој - најверојатно мора да се разбуди многу рано за својот лет. Тоа е така затоа што аеродромските власти претпочитаат сите авиони да слетаат претпладне, за оптимална безбедност со оглед на опасностите од силните ветрови.
Обуката за пилоти не е само да знаете како да летате, како што вели Дорџи, туку и кога да не летате и како да ја донесете вистинската одлука меѓу овие две работи.
Последниот фактор во степенот на тешкотија при слетување на Паро е она што Дорџи го нарекува „пречки“, главно ридските области што го опкружуваат аеродромот. Пистата на тоа пристаниште е долга само два километри и двесте метри и се граничи со високи планини. Како резултат на тоа, пилотите можат да ја видат непосредно пред да слетаат на неа.
Работите се менуваат во Бутан, а авионската индустрија е една од нив. Гелефу, во јужниот дел на Бутан во близина на индиската граница, е избран како место за постигнување „свест“ и живеење во моментот, градот на т.н. свесност. Иако веќе е дом на мал аеродром, овој нов статус за Гелефу носи значително проширување. Најзначајната разлика помеѓу Гелефу и Паро е теренот - Гелефу е многу порамен и има доволно простор за изградба на подолги писти.
За неколку години можно е да има директни летови до Бутан од Северна Америка, Европа и Блискиот Исток. Воздухопловната индустрија таму е сè уште релативно млада. И додека Бутан има само неколку десетици лиценцирани пилоти, постои силен национален интерес за регрутирање и обука на повеќе млади пилоти локално, наместо само регрутирање од странство. Пилотите мора да ја покажат својата способност да летаат во сите различни сезони на Бутан. Како национален авиопревозник, „Друк ер“ презел голем дел од одговорноста за обуката на пилоти.
- Се сметам за мост меѓу старата и новата генерација - вели Дорџи, кој има 43 години. Тој верува дека има 50 лиценцирани пилоти во Бутан, но тој број лесно може да се удвои во наредните неколку години.
Во секој случај, тој вели: „Се радувам заради тоа“.
Извор: n1info.hr
Фото: Lillian Suwanrumpha/ AFP