Универзитетот во Кардиф спроведе истражување во кое учествуваа 5.000 ученици на возраст од 9 до 11 години, а се проучуваше поврзаноста на нивните навики во исхраната и резултатите кои ги постигнуваат на училиште.
Истражувањето покажало дека децата кои секое утре појадуваат житарици или тост имаат два пати подобри резултати од оние кои го прескокнуваат појадокот. Научниците тврдат дека дури е подобро и да се јаде нездрав појадок, како што е грицки или благо, отколку никаков.
„Не е важно дали учениците појадуваат дома или на училиште. Единствено е важно дека појадуваат. Дојдовме до заклучок дека постои поврзаност помеѓу овие утрински навики и успешни резултати на испитите“, вели Д-р Грахам Мор, кој во склоп на истражувањето ги проучувал навиките на учениците.
Со истражувањето се утврди она што научниците со години го тврдат: Важно е да се појадува за правилен развој на менталните способности.