Како што „Фејсбук“ продолжува да го поминува најтешкиот период во својата историја, поради последиците од многубројни скандали поврзани со приватноста на податоците, дезинформациите и лажните вести, така корисниците на оваа мрежа почнуваат да ја напуштаат.
Ова особено се однесува на младите корисници кои го заменуваат „Фејсбук“со „Инстаграм“, па репутацијата на оваа социјална мрежа е прилично голема. Сепак, „Фејсбук“ останува најдобра социјална мрежа кога станува збор за една клучна функција - настаните. „Фејсбук“ и понатаму е најдобро место за организирање друштвени настани, родендени, концерти и други средби во реално време благодарение на постојниот социјален графикон и фактот што бизнисите и организаторите на настаните во голема мера сѐ уште го третираат како најистакната промотивна платформа.
Затоа има смисла што „Фејсбук“ се насочи кон настаните (Events) како наредната дестинација за својот производ - „Сторис“. Компанијата соопшти дека планира да почне да тестира функција со која ќе се споделуваат настаните за кои сте заинтересирани и договарање средби со контакти од „Фејсбук“ во реалниот живот преку користење на алатката „Сторис“. Тестирањето ќе биде спроведено во САД, Бразил и во Мексико на уреди што ги користат оперативните системи „Андроид“ и „Ајос“.
За разлика од стандардната функција на „Сторис“, која „Фејсбук“ првично ја копираше од „Снепчет“ за да ја користи на „Инстаграм“ и да стане популарна, оваа специфична имплементација е дизајнирана за да споделува детали за настанот со вашите пријатели. На тој начин можете да видите кој би можел да сака да дојде на претстојниот настан што има соодветна страница на оваа социјална мрежа.
„Сторис“ ќе доаѓа со опција на која ќе можете да кликнете за да погледнете повеќе детали, а пријателите ќе можат да означат дали се заинтересирани или дали ќе одат на случувањето во рамките на оваа функција.
Вграден е и линк до самата страница на настанот и можност да започнете групен разговор на „Месинџер“ со пријателите што одговориле на настанот.
Искрено, колку и да не изгледа „
Сторис“ интересно надвор од „Инстаграм“, ова е доста паметна стратегија што го меша конвенционалниот формат и прави нешто навистина корисно со него. Проблемот, се разбира, е да се убедат пријателите да ги гледаат сторињата на „Фејсбук“, кои за повеќето луѓе се секундарен приоритет по прегледувањето на „Инстаграм“ или „Снепчет“.