„Забрането е да се убива; затоа сите убијци се казнети, освен ако тие не убиваат во голем број и со звукот на трубите“ - Волтер.
Војните отсекогаш биле дел од историјата уште од почетокот на човечката цивилизација. Низ вековите, нациите се убиваа едни со други поради религија, моќ, земјиште и природни ресурси. Дури и денес, кога луѓето навидум ја достигнале својата највисока точка на развој и кога средновековното насилство е оставен зад нас, не може да се замисли светот без војна.
Наместо да се користат технолошкиот и научниот напредок за подобрување на животот на луѓето од целиот свет, владите прават поефикасно оружје за да убиваат луѓе. Токму поради оваа причина уметникот Гундуз Агхајев од Азербејџан создаде нова серија на илустрации наречена „Војна и мир“.
Линк до галеријата.