После долг ден работен ден на работа, одлично е чувството кога се враќате дома и се релаксирате. Но, во ерата на социјалните медиуми, јавното и приватното време е нејасно.
Сомнителен твит, пост или коментар додека седите на вашиот кауч во текот на ноќта може да ви заработи отказ - без разлика дали е поврзан со работата или не.
Токму со ова се соочи еден човек кој на неговиот профил сподели скриншот од Тиндер профилот на една жена проследен со зајадлива забелешка.
Откако постот привлекол непријатни и заканувачки коментари кон жената, станал вирален со хаштагот „сексуалното насилство нема да биде премолченО“. Човекот кој го објавил постот поради ова бил отпуштен.
Иако содржината не била поврзана со работата, работодавецот или компанијата, и бил постиран надвор од работното време, сепак не е важно.
„Главната причина поради која овој човек добил отказ било тоа што би можел да го загрози угледот на компанијата“, вели еден адвокатот Џонатан Мамарил.
Мамарил вели дека сите работодавци треба да имаат политика за социјалните мрежи но особено ако имаат силно присуство на социјалните медиуми, ако активно се рекламираат преку социјалните медиуми, доколку вработените се идентификуваат на социјалните медиуми дека работат во компанијата или ако работодавците ги користат социјалните медиуми како маркетиншка алатка за нивната работа.
„Работодавците можат да преземат акција против работниците за несоодвено користење на социјалните мрежи се` додека имаат политика за социјалните мрежи и имаат некој вид на обука во однос на оваа политика“, вели адвокатот Мамарил.
Друг неодамнешен случај беше кога хотелскиот менаџер Мајкл Нолан останал без работа откако ја навредил Клементин Форд, феминистички коментатор.
Експертите велат дека правилата не се нови, туку старите правила се применуваат во контекст на социјалните медиуми.
„Ако сте имале двајца колеги кои се караат еден со друг или на работа или надвор од работа, тоа би можело да го оцрни работодавецот. Ако сте на социјалните медиуми и зборувате лоши работи за вашиот шеф, можете да замислите дека ова би предизвикало проблеми. Треба да замислите дека се` што ќе постирате може да заврши пред некој што не сакате да го види“, вели експертот Леи Џонс.
„Имаше случј кадешто вработениот имал доста лоши постови на Фејсбук од анти-муслиманска природа, но успеа да се извлече бидејќи бил постар, па не сфаќал како функционира Фејсбук, ниту пак како функционираат безбедносните поставки. Тој воопшто не знаел дека е јавно место и мислел дека зборува со пријателите“.
Меѓутоа денес ова би била глупава одбрана бидејќи денес Фејсбук се користи насекаде, и не постои личност што не знае како функционира.
Повеќето отпуштања се резултат на содржина поврзана со работата. Џонс се сеќава на вработен кој пишувал на Фејсбук откако не му била платена соодветната сума. Бил отпуштен бидејќи ја прекршил политиката на компанијата секогаш да биде учтив, па бил отпуштен.
Во друг случај, млад ученик механичар постирал фотогафии кои биле еден вид на критика врз еден клиент на работодавецот. Младиот механичар бил отпуштен.
„Направи глупава грешка и ја изгуби работата“, вели Џонс.
Но, социјалните медиуми не се „минско поле“ само за работниците - и оние кои бараат работа треба да бидат еднакво внимателни за тоа што постираат со оглед на тоа што многу работодавци ги проверуваат профилите на идните потенцијални работници.
Тренерот за кариера Ребека Фрејсер дава неколку совети за тоа како да работниците да го менаџираат нивниот онлајн профил.
- Осигурајте се дека сите ваши приватни информации се приватни
- Имајте во предвид дека вашето мислење кое сте го споделиле на отворените форуми онлајн, е достапно долгорочно, не само денес
- Никогаш не пишувајте негативни и некултурни постови кон вашите поранешни работодавци, колеги или менаџери
- Имајте во предвид за тоа што другите постираат за вас или вашите фотографии тагнати од други луѓе
- Регуларно проверувајте го вашето име на Google
- Вашиот личен и професионален живот треба да бидат одделени
Фрејсер вели дека луѓето кои пронаоѓаат содржина од себеси онлајн која може лошо да влијае врз нивната кариера треба да го контактираат сопственикот на веб страната и да побараат од него информацијата да биде избришана.