X
 17.05.2015 Технологија

Цукерберг: "Преку видео игрите децата стекнуваат нови вештини"

Марк Цукербер порасна во Њујорк, место кадешто на зима паѓа многу снег. Меѓутоа, како што вели тој, неговата сестра постојано го задевала и паѓала во снегот.

 

марк


Затоа тој ја програмирал играта во која се бори против лавина. „Благодарение на играта го измислив Фејсбук, и сум она што сум денес“, вели тој.

Игрите - вовед во програмирањето

Цукерберг ги советува и уверува родителите дека треба да ги остават децата да играат на компјутери колку сакаат. Децата се задржуваат на игрите со часови бидејќи од нив добиваат нешто повеќе, инаку би им здосадиле многу порано. Подоцна се влече корист од играта, советува Цукерберг.

Играњето би можело да ја реши рамнотежата во индустријата

„Мислам дека динамиката во која децата растат, програмирањето и играњето игри е доста важно бидејќи на тој начин многу деца стекнуваат програмерски вештини. Никогаш не би бил во програмерските води доколку не играв игри“, вели тој.

Тој тврди дека детското играње на компјутер би можело да биде и дел од идното решение за родна и расна нерамнотежа во технолошката индустрија. Еден од начините во индустријата да се создаде поголема разновидност, е децата од мали да научат нови вештини низ каналите кои ги интересираат, како видео игрите. „Поголемиот дел најдобри светски инженери кои ги знам се самоуки. Мораме да се потрудиме што повеќе луѓе да се изложат на тоа“, завршува тој.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија