X
 20.12.2015 Технологија

Работни места кои роботите нема да можат да ги заменат

Неизбежно е: роботите стануваат се` поголем дел од нашите животи, и како тие стануваат се` понапредни, така повеќето од нас наскоро ќе останат без работа.

 

1


Извештајот направен од Мерил Линч предвидува дека 47% од професиите се изложени на ризик поради замена во следните 20 години, со позиции во производството и индустриите за услуги - ова се полињата во најголем ризик.

Но, извештајот истакнува една важна вештина што роботите никогаш нема да ја усовршат: креативно размислување.

„Како што машините ќе започнат со елиминација на професиите, луѓето имаат повеќе време да започнат креативно да размислуваат и да ги покажат нивните креативни способности. Многу важно прашање е дали тоа ќе ги поттикне луѓето да одат подалеку од претходно или луѓето едноставно ќе бидат исфрлени“, пишува во извештајот.

Иан Пирсон, соработник на Светската академија за науките и уметностите и автор, вели дека човечката способност да размислува креативно, помеѓу другите специфични човечки вештини, ќе заштити одредена подгрупа на професии. Ова се трите работни места во кои луѓето никогаш не можат да бидат заменети од роботите.

Наставниците се незаменливи бидејќи роботите никогаш нема да можат да се поврзат со децата и да ги разберат децата

 

2


„Не може точно да се каже, бидејќи го имаме Гугл, такашто не е потребно повеќе наставник со оглед на тоа што се` можеме да пронајдеме на Гугл. Но, ако наставникот биде заменет со робот, роботот нема да може навистина да го сфати детето бидејќи не делат исто човечко искуство, “објаснува Пирсон.

„Човекот секогаш ќе може да се идентификува со друг човек на емоционално ниво подобро отколку што би можел роботот“.

Иако работните места во одбраната се` повеќе се потпира на роботите (беспилотните летала во војската), Присон не предвидува дека роботите ќе ги заменат полицајците во иднина.

 

3

 

Тој вели дека човечкото расудување секогаш ќе биде неопходна вештина во полициските сили, а тоа е нешто што не може да се програмира.


„Повеќето од нас не сакаат Робокап. Ние би сакале да имаме полицаец кој ќе направи човечко расудување за нешто отколку робот кој само презема податоци кои некогаш не се пресудни во работата“, вели Пирсон.

Луѓето кои работат во менаџмент, особено работни места кои имаат мотивациско лидерство.

„Тоа е професија на човекот - не би можел да замислам како луѓето следат еден R2D2 како нивниот најголем мотиватор“, вели тој.

 

3


Главната поента на Пирсон беше дека роботите ќе ги направат одредени работни места доста полесни, особено оние во кои има многу информации и податоци. Луѓето ќе имаат повеќе време да се фокусираат и да работат на нешто што роботите не би можеле да го усовршат.

„Ќе поминувате повеќе време со колегите, повеќе време на состаноци, на емоционална анализа и обидувајќи се да влијаете врз луѓето. Сите овие човечки вештини стануваат поважни како што информатичките вештини стануваат помалку важни“, вели тој.

Доколку не сте дел од овие професии, Пирсон вели да не се грижите.

„Неизвесно е дали многу работни места, вклучувајќи ја и преработувачката индустрија, дали ќе биде заменета со интелигентни машини“.

Извештајот на Мерил Линч забележува дека земји како Јужна Кореја и Германија, кои имаат најголема густина на роботи во светот, имаат малку пад на вработување во производствената индустрија.

Ова значи дека дури и ако истражувањето покажува работни места кои се изложени на ризик за автоматизација, тоа не мора да значи дека роботите ќе ги менуваат луѓето во овие индустрии. Покрај тоа, Мерил Линч извештајот забележува дека дури и ако роботите заменат работни места, дополнителни 3.5 милиони ќе бидат создадени токму поради роботите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија