X
 21.12.2015 Образование

Универзитетите демократски рај за мигрантите во Германија

Кулод Ал Ибраим поминувала покрај бомби и снајпери секој ден на нејзиниот пат кон универзитетот. Но, таа не сакала да се откаже од своето образование на универзитетот во Дамаск, дури и доколку тоа значело губење на животот. Денес, таа студира на бесплатен универзитет во Берлин. Таа добила стипендија од германската влада, која доделува финансиска помош на Сиријците и мигрантите.


Младите луѓе како Кулод, кои избегале од војна за подобар живот и подобро образование се позитивни примери за другите млади, вели д-р Доротеја Риланд, генерален секретар на службата за стипендии за странски студенти.

„Студентите имаат висок социјален статус. Овие студенти навистина се причината поради која секој има шанса за успех овде. Оваа интеграција е многу важна за нашето општество“, вели таа.

Моментално нема податоци за бројот на мигранти кои се запишале на студии во Германија, но се предвидува дека во 2016 во земјата ќе може да студираат 30.000-50.000 мигранти.

Мигрантите би можеле да имаат проблем за добивање на високо образование поради визата, јазикот и финансиите. Но, може да се пријавуваат за финансиска помош од владата, со која би добивале 670 евра месечно. Постојат и кампови за мигрантите кадешто мигрантите може да се информираат за местата кадешто може да го учат јазикот.

Универзитетите сакаат да ги поддржат студентите кои избегале од војната и многу нудат стипендии и дополнителни програми. Риланд вели дека во моментов е потребна поголема помош од државата за курсеви за учење на јазикот.

Образованието за мигрантите е важно бидејќи помага во нивната интеграција. „Ако не успееме да ги интегрираме луѓето, имаме проблем. Кога луѓето не се чувствуваат како рај и не гледаат можности тука, тоа е проблем. Овие студенти се позитивни примери“, вели Риланд.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование