Многу често, луѓето љубовта ја искажуваат на толку суптилен начин, што гестовите често пати поминуваат незабележано. Родителите можеби се најдобри во ова. Ова е една емотивна приказна која го докажува тоа.
„Нема сигурно да ми солиш памет?“
Антони ја погледна својата ќерка и го помести столчето малку поблиску. „Дали се сеќаваш што правеше пред спиење секоја вечер кога беше дете?“
„Читав под ќебето со батериска ламба“, одговори ќерката.
„А зошто не го запали светлото во твојата соба?“, додаде Антони.
„За да мислиш дека спијам, додека јас всушност читав книги...“, додаде неговата ќерка.
„А дали ти некогаш си се запрашала за таа батериска ламба?“
„Не... а што би се запрашала?“
„Па, како тоа ламбата воопшто не се потрошила во текот на сите тие поминати години“, и` рече Антони.
„Не...“, рече Џулија збунета.
„Што мислиш, кој ги менуваше батериите цело време?“, рече нејзиниот татко.