X
 25.12.2015 Култура

Како ќе изгледа главниот стадион за Олимпијадата во 2020?

По неколку напорни години, Јапонија конечно го одбра финалниот дизајн за главниот олимписки стадион на кој ќе се одржат церемониите за отворање и затворање на Олимписките игри во 2020 година.


Новиот стадион бил дизајниран од познатиот јапонски архитект Кенго Кума, и го заменува претходниот предлог на Заха Хадид, кој бил одбиен поради трошоците.


Изминатата недела, Јапонскиот спортски совет објави скици од финалистите, не споменувајќи ги архитектите зад нив. Дизајнот на Кума бил одбран бидејќи предложувал метод за изградба со користење традиционални материјали, со што се одбегнувал ризикот за можни грешки.

Изградбата на стадионот ќе чини 1,3 милијарда долари.

Инаку, претходниот предлог-дизајн кој беше прифатен во текот на летото предизвика многу контроверзии поради својот изглед. Главната причина поради која било побарано ново решение била цената на изградбата.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура