X
 01.11.2018 Забава

Се плашел да им наплати влез на странци, па 160.000 влегле бесплатно

Продавач на карти во природниот национален парк „Шинџуку Ѓо-ен“ близу Токио, Јапонија, пуштил над 160.000 туристи внатре поради страв странците да не го караат оти не знае друг јазик освен јапонскиот.

Седумдесетгодишниот старец, сега веќе во пензија, пред истражните органи признал дека од 2014 година престанал да наплатува билети, и тоа траело 2,5 години.

  - Не зборувам ниеден друг јазик и еднаш се исплашив кога еден странец почна да ми вика мене - се правдал пред надлежните.

Според министерството за животна средина, кое раководи со паркот, вкупната загуба изнесува 25 милиони јени, односно 220.000 долари.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава