Дали McDonald's користи вистински компири? Зошто нивниот помфрит е толку совршен и на кој начин тие го приготвуваат? - ова се многу прашања кои се однесуваат на најпознатиот помфрит кој е и заштитен знак на синџирот за брза исхрана.
Грант Имахара од тв серијата „MythBusters“ во својот мини документарец ја открива формулата на познатиот и омилениот помфрит на многу луѓе. Тој влегува во нивната фабрика и истражува како тие го приготвуваат ова вкусно јадење.