И покрај глобалниот глад и општата сиромаштија, според организацијата за храна и земјоделие, луѓето се`уште залудно трошат повеќе од третина од храната. Како и со повеќето интернационални проблеми, Шведска веќе има генијално решение.
Група на студенти од Универзитетот Лунд неодамна создаде уникатен начин да ги претворат неоупотребливите производи во вреден извор на храна. FoPo Food Powder, е сушено овошје и зеленчук слично како храната што ја јадат астронаутите во вселената. Лесно може да биде доставена до катастрофалните зони и не мора да се чува во фрижидер. Замрзнатата па сушената храна е популарна поради нејзината способност да задржи голем дел од придобивките на исхраната. Дури и храната на која и` поминала рокот и не може да се продава на пазарот, е богата со витамини, минерали и протеини.
„Кога откривме дека една третина од храната која се произведува се фрла, додека луѓето во светот гладуваат, не можевме да седиме мирно“, вели Кент Нго, студент кој е дел од организацијата.
Студентите пронајдоа уникатна можност да создадат одржлив бизнис и да овозможат значајна услуга за човештвото. За да се создаде FoPo, тимот се поврза со земјоделци и трговци затоа што тие се извор на нивните суровини (овошјето). После неколку обиди, тие го усовршиле методот на сушење и замрзнување, а потоа мелење на производот, па тие започнале да истражуваат дистрибутивни канали, од комерцијални до владини агенции за поддршка.
Студентите кои стојат позади FoPo моментално учествуваат во пилот програмата во Манила, кадешто активно сушат каламанси - цитрус овошје кое расти на Филипините. Со оглед на тоа што има вишок на овошје, прилично е лесно да произведат прав. Во моментот, групата доби поддршка од сенаторите на Филипините, и планира да работи со Иницијативата на ОН за храната и губењето и трошењето за да допре до повеќе луѓе и континенти.