X
 08.10.2022 Живот

Најмногу јадат и најмногу спијат! Нација позната по хедонизмот

Според истражувањето спроведено од Организацијата за економска соработка и развој во развиените земји, една нација се издвојува по своите хедонистички навики - спиење и уживање во храната.

Иако податоците се разликуваат секоја година, некако таа секогаш е блиску до врвот. А интересно е и тоа што често се наоѓа на листите со најпродуктивни земји во развиениот свет.

Станува збор за Французите, кои се чини дека се најодморената нација во светот. Во просек спијат речиси девет часа, а во тоа е вклучена и попладневната дремка. Ова е повеќе од многу други нации, особено од Јапонците и Корејците кои спијат најмалку.

francija
Фото: Pixabay

На Медитеранот се чини дека сиестата не може да се оддели од идејата за здрав живот, а Французите се чини дека ја исполнуваат својата репутација како хедоинсти и одлични гурмани. По нив се Американците, па дури потоа доаѓаат Шпанците.

Што се однесува до храната, Французите поминуваат по два часа дневно на маса. Можеби не се чини како долго време, но запомнете дека во развиените земји брзата храна и оброците во движење одамна ги заменија традиционалните дружења и уживања на трпезата.

Многу француски компании затвораат два до четири часа секое попладне, за работниците да имаат можност да се одморат и да го поминат времето ручајќи со своето семејство и пријателите.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот