Најстарата жена во светот, која во декември полни 117 години, открила што е она што ја одржува толку долго во живот.
„Јадам по две јајца секој ден и тоа е тоа. Јадам и кекси“, рекла Ема Морано од Италија. Таа е родена во 1899 година и ја носи титулата на
најстарата жена на светот.
Не се само јајцата заслужни за нејзиниот долг живот, таа вели дека е важен и начинот на подготвување. Со децении ги јаде сирови, бидејќи лекарите и кажале дека е анемична.
Најстарата жена на светот вели дека во својата 30-та година се развела и од тогаш не се мажела, па и тоа игра улога. „Не смеете да дозволите никоја да доминира со вас“, истакнува Ема Морано.